[ВИДЕО] Изгледот на Оливија Вајлд предизвика полемики на мрежите, се прашуваат дали потклекнала на холивудскиот тренд на слабеење

Точка

29/04/2026

13:42

1.271

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Оливија Вајлд се појави на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Франциско, а социјалните мрежи беа преплавени со снимки од нејзиниот неверојатно слаб изглед проследени со многу коментари.

Актерката, која е позната по својата природна убавина, го привлече вниманието на јавноста бидејќи изгледа видно послаба од порано. Снимката во која зборува за работата на филмот „The Invite“ се прошири на социјалните мрежи, а особено на мрежата X предизвика многу коментари.

На фестивалот Вајлд била облечена во долго здолниште кое ја покривало долната половина од нејзиното тело, додека белата маица ги истакнувала нејзините витки раце.

Имајќи ја предвид темната шминка околу очите, како и видно послабиот изглед, на социјалните мрежи почнаа да кружат теории што ѝ се случило. Некои сметаа дека ни Вајлд не одолеала на трендот на слабеење со помош на лекови за дијабетес што го „освои“ Холивуд, додека други пишуваа дека едноставно остарела.

„Тоа се годините, а не оземпик“, гласеше еден од коментарите додека се редеа мислења за нејзиниот изглед.

Актерката претходно беше позната по својата посветеност на фитнесот. Во интервјуа споделуваше и како ја одржува формата, а своевремено изјави дека избегнува преработена храна и сака да посетува часови во студиото „Tracy Anderson“.

Додека тренирала за својата улога во филмот „Tron: Legacy“ од 2010 година, Вајлд правела кардио тренинзи пет дена во неделата, тренинзи за сила три дена во неделата и часови по мешани боречки вештини што е можно поредовно.