Што се случува со вашето тело доколку долго немате односи? Хормоните се менуваат, а последиците можат да бидат сериозни

Точка

29/04/2026

19:24

745

Големина на фонт

а а а

Докторка објаснила што се случува со телото и умот кога некое лице нема секс подолго време.

Периодите без секс се дел од животот на многу луѓе, без разлика дали станува збор за намерна апстиненција или комбинација од околности.

Иако таквата фаза може да биде фрустрирачка за оние кои активно бараат партнер, таа носи и одредени физички и психолошки последици, пишува LADbible.

Промени во нивото на хормоните

Д-р Али Новицки е гинеколог и акушер, но и основачка на организацијата „Exercising Intimacy“, основана за да им помогне на паровите да ја зајакнат интимноста. Таа објаснува како апстиненцијата влијае на поединците.


„Апстиненцијата од сексуална активност може да има различни ефекти врз поединците, и физички и емоционално. Еден од најдиректните ефекти може да биде промена на нивото на хормоните. Познато е дека редовната сексуална активност го стимулира лачењето на одредени хормони, како што се окситоцинот и ендорфините, кои се поврзани со чувството на среќа и намалување на стресот. Затоа, апстиненцијата од секс може да доведе до намалени нивоа на овие хормони“, објасни д-р Новицки.

Влијание врз физичкото здравје

Покрај промените во расположението, недостатокот на сексуални односи може да има и други последици. Кај жените, на пример, може да се појави вагинална болка.

Од друга страна, истражувањата сугерираат дека редовниот секс е добар за здравјето. Студија објавена во „European Journal of Preventative Cardiology“, покажа дека сексот приближно еднаш неделно е поврзан со околу 10 проценти помала смртност од срцеви заболувања и 44 проценти помала смртност од други причини.

Редовниот секс може да помогне и во борбата против стресот и е форма на физичка активност, каде што бројот на согорени калории зависи од позите.


Придобивки од апстиненцијата

Сепак, апстиненцијата има свои добри страни. Прво, ризикот од заразување со сексуално преносливи болести е значително намален.

Одлуката за апстиненција може да биде свесен избор, на пример поради религиозни верувања или едноставно недостаток на интерес.

Според анкета спроведена од „YouGov“, околу 30 проценти од луѓето во Обединетото Кралство се опишале себеси како сексуално неактивни. Тој процент вклучувал околу 20 проценти од луѓето на возраст меѓу 40 и 44 години, зголемувајќи се на 57 проценти од луѓето над 74 години.