Додека во централна Европа станува сѐ посиво и поладно, сѐ повеќе луѓе одат на југ. Сонцето, песокот и поволните цени ја прават една дестинација особено привлечна – дури и во октомври.
Сѐ повеќе патници од европските земји го бираат Тенерифе – најголем од седумте канарски острови каде и во октомври владеат летните температури од околу 28 степени Целзиусови. Поволни авио-карти, празни плажи и пријатни температури го прават овој шпански остров вистински рај за кратки одмори.
Според пишувањето на порталот „Древоставител“, овој канарски остров станал омилената дестинација за многу од туристите, особено поради фактот што пивото таму чини помалку од две евра, а свежата риба е достапна речиси секаде.

Поволни летови и спонтани резервации
Се истакнува дека патниците од Прага и Виена често патуваат за евтини пари. На патниците им се советува сместувањето и изнајмувањето автомобил да го резервираат по пристигнувањето таму, за дополнително да заштедат.
Многу од хотелите во текот на есента имаат слободни соби, а изнајмувањето автомобили е поволно, што Тенерифе го прави идеална дестинација за брзи и спонтани одлуки во патувањата.
Во местото Коста Адехе туристите во октомври можат да уживаат во сонцето, морето и летните температури, а бројни хотели нудат примамливи попусти.

Особено популарни – Playa del Duque и Fañabé Beach
Според порталот, сите кои бараат сонце и мир, совршени услови наоѓаат во околината на Коста Адехеа и Лос Кристианос. Оосбено популарни се плажите Playa del Duque и Fañabé Beach, додека пак La Tejita Beach се наведува како тајна препорака за оние кои сакаат повеќе тишина и приватност.
Многу од туристите ја фалат опуштената атмосфера на островот, па дури и продолжен викенд е доволен за човек таму целосно да се опушти.
6 најатрактивни дестинации за 2026 година
За оние кои веќе добиле желба за патување, надвор од Тенерифе постојат уште многу интересни дестинации.
Според „Forbes“, луксузните патнички експерти од агенцијата „Ovation Network“ очекуваат наредната година да владеат нови трендови. Наместо раскошни ресорти, патниците бираат места кои нудат култура, природа и автентичност.

Шест места кои се издвоени како интересни за 2026 година:
1. Нико, Јапонија;
2. Кона, Хаваи;
3. Версај, Франција;
4. Гуанакаста, Костарика;
5. Антарктик;
6. Маракеш, Мароко.


















