Анџелина Џоли деновиве престојува во Рим заради промоцијата на својот нов филм „Couture“ на Алис Винокур во којшто ја толкува главната улога.
50-годишната актерка позирала пред фотографите облечена во црн миди фустан од Алберт Ферети со џебови и ракави кои потсетуваат на наметка.
На грбот од фустанот се наоѓал прекрасен изрез којшто ги истакнал тетоважите на филмската ѕвезда.

Џоли својот изглед го надополнила со кратки, лакирани чизми до глуждовите кои биле на висока потпетица, заводливи хулахопки со црна вертикална линија и сет накит со големи камења.
Стилистите избегнале пренагласена шминка или раскошно обликување, одлучувајќи се за кафеава боја и боја на месо како и опуштени локни во косата.
Тоа бил совршен избор затоа што фановите сега повторно можеле да уживаат во беспрекорниот изглед на Џоли.

Експериментирањето со русата коса ја чинело многу актерката затоа што нејзината коса минатото лето била во ужасна состојба. Изгледала исклучително суво и буквално кршливо по целата должина.
Но, холивудскиот стилист Масим Серини успеал да го поправи тоа. Тој ја отстранил ужасната руса нијанса, додал природно топли тонови, ги скратил оштетените краеви и додал екстензија за да ја обнови должината.
Секако, многумина повеќе го сакаа култниот изглед на бринета на Џоли, но постојаното фарбање на седата коса во потемни нијанси е многу напорен процес и сериозно ја оштетува косата.

Дури и со оваа „природно“ руса нијанса на боја, Џоли изгледа многу посвежо и помладо.


Ви се допаѓа ли овој изглед на Анџелина Џоли?










