Недостатокот на јод не значи само умор и забавена работа на штитната жлезда – тоа значи и послаба отпорност, почести инфекции и долготрајни воспаленија.
Јодот често е запоставен минерал, но неговата улога во нашето здравје е многу значајна.
Тој е чувар на рамнотежата на хормоните, чистач од токсини и индикатор на имунолошкиот систем. Без доволно јод, нашиот организам ја губи способноста да се брани, клетките слабеат, а имунолошкиот систем станува ранлив.

Јодот е моќен антисептик и имуномодулатор. Во телото јодот ја стимулира активноста на белите крвни зрнца – војник којшто ги уништува бактериите и вирусите, учествува во неутрализацијата на слободните радикали, го намалува оксидативниот стрес, ја поддржува функцијата на штитната жлезда која директно го регулира имуниот одговор и метаболизмот.
Недостатокот на јод не значи само умор и забавена работа на штитната жлезда, тоа значи послаба отпорност, почести инфекции и долготрајни воспаленија.
Д-р Гери Ворен, главен истражувач во престижната американска компанија „SAIC“ во својот труд објавен во публикацијата „Research Gate“, укажал дека дневниот внес на максимално препорачаната количина јод доведува до апоптоза – клеточна смрт на клетките заразени со вируси, спречувајќи нивно понатамошно ширење. Затоа токму сега е вистинскиот момент да го зајакнеме и зачуваме имуниот систем со внесување доволна дневна количина јод.

Како да обезбедиме доволно внесување јод во организмот?
Најдобриот природен извор на јод се морските риби, школки и морски алги. Дневната препорачана доза за возрасни изнесува околу 150 микрограми, а кај трудници и доилки е поголема.










