[ВИДЕО] Легендата на УФЦ – Американската влада ги уби брат ми и мајка ми, па испрати двојници

Точка

11/03/2025

19:47

2.418

Големина на фонт

а а а

Б.Џ. Пен (46), поранешен американски ММА борец, двократен УФЦ шампион и еден од најдобрите во историјата, е во пензија од 2019 година, кога загуби од Клеј Гвида. Својата кариера ја заврши со биланс од 16 победи, 14 порази и 2 нерешени борби. Последните години од кариерата му беа исклучително тешки, со дури седум последователни порази, од кои два со нокаут.

Одамна постои загриженост дека последиците од неговата тешка и крвава кариера ќе се почувствуваат во подоцнежните години, а изгледа дека тоа веќе се случува. Последните денови Пен објавува чудни видеа на Инстаграм, поради што фановите се сомневаат дека страда од сериозна ментална болест или дека целосно живее во заблуда.


Теории на заговор

Последната, и воедно најбизарна епизода од несфатливото однесување на Пен се случи вчера на Инстаграм. Имено, славниот борец објави неколку видеа на кои изгледа дека не ја препознава својата мајка, Лорејн Шин.

Според Пен, неговата вистинска мајка ја убила американската влада, а жената што се гледа во видеото е нејзина двојничка, испратена за да го измами.

„Пол Абајли (Карлос Ривеира), со поддршка на владата, ги уби мајка ми и брат ми! Лајкувајте и споделувајте го ова, затоа што се обидуваат да ѝ одземат сè на мојата фамилија.

„Оваа жена тука – погледнете ги нејзините нозе и телото. Таа се претставува како мојата 79-годишна мајка, но тоа не е мојата мајка“.

“Се обидува да ми одземе сè, да ме избрка од куќата. Ако ја нападнам, ќе ме пријави, ќе бара забрана за пристап или нешто слично!“, објави Пен на Инстаграм.

Во второто видео тој ја тагнал полицијата и напишал дека тоа не е неговата мајка.


Реакција на медиумите

Според "MMA Junkie", еден од најпознатите боречки медиуми, постојат безброј слики и видеа од неговата мајка, и многу јасно е дека се работи за истата личност што Пен ја тврди дека е двојник.

Ова не е првпат Пен да привлекува внимание со контроверзно однесување надвор од рингот. По крајот на кариерата, тој имаше правни проблеми – беше уапсен за возење под дејство на наркотични средства, учествуваше во голема тепачка во бар, а пред две години се кандидираше за гувернер на Хаваи, но загуби.

Фановите се загрижени за неговата состојба, но засега нема официјална реакција од неговото семејство или блиските луѓе.