Свитолина: „Сигурно би војувала, но вака сум ѝ покорисна на Украина – Собрав 1,5 милиони евра помош“

Точка

11/03/2025

13:46

3.066

Големина на фонт

а а а

Тенисерката Елина Свитолина е, без сомнение, активна спортистка која е најмногу ангажирана во одбраната на Украина од руската агресија.

Од почетокот на руската агресија врз нејзината земја, Свитолина започнала тренд на непоздравување на руските тенисерки на теренот, а речиси секојдневно се огласува во јавноста посочувајќи што се случува во Украина.


Таа исто така неколку пати ја посети линијата на фронтот, а за време на турнирот во Индијан Велс даде интервју за германски Билд во кое изјави дека со задоволство би земала оружје и би ја бранела својата татковина.

„Дефинитивно би војувала и би ја бранела Украина, но мислам дека вака сум покорисна за земјата отколку да сум на фронтот. Во изминатите три години собрав повеќе од 1,5 милиони евра помош за Украина. Мислам дека тоа е покорисно отколку да бидам на фронтот со пушка во рака“, рече Свитолина.


Свитолина веќе неколку пати била во посета на Украина за да им пружи поддршка на своите сонародници.

„Се трудам да внесам барем малку радост во нивните животи. Моето семејство е во Одеса, имам многу пријатели таму, а линијата на фронтот не е далеку“, изјави Свитолина.



Нејзиниот сопруг Гаел Монфис стравува секој пат кога таа оди во посета на Украина.

„Гаел е секогаш многу нервозен кога треба да одам во Украина, секако дека се плаши, но јас постојано му објаснувам дека мерките за мојата безбедност се многу силни. Многу сум му благодарна за неговата поддршка, бидејќи знам колку е тешко ова. Не сум сигурна колку сопрузи би го разбрале сето ова“, рече 30-годишната тенисерка.