[ВИДЕО] Погледнете ја драматичната снимка од спасувањето на Ивица Костелиќ од разбранетото море

Точка

11/03/2025

16:37

4.764

Големина на фонт

а а а

Во понеделник навечер, Војската на Црна Гора извлече од морето кај делтата на реката Бојана, во близина на Улцињ, двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија од Владата на Црна Гора за медиумите.

Операцијата за спасување траеше повеќе од пет часа и, иако беше исклучително тешка и напорна, на крајот заврши со среќен исход.

Со Костелиќ бил и еден француски државјанин, а заедно се занимавале со кајакарење.

Драматична петчасовна операција на границата меѓу Црна Гора и Албанија

Според податоците на Управата за поморска безбедност, синоќа операторите во Поморско-оперативниот центар примиле повик за помош од лице на брегот на делтата на реката Бојана, по што веднаш била иницирана многу сложена акција за пребарување и спасување на двајцата странски државјани.

Спасувачката операција траела цели пет часа, на самата државна граница меѓу Црна Гора и Албанија, во екстремно неповолни временски услови, со бранови високи до четири метри.

Vojska Crne Gore izvukla je u ponedjeljak navečer iz mora kod ušća Bojane, u blizini Ulcinja, dvojicu stranih državljana, od kojih je jedan hrvatski skijaš Ivica Kostelić, potvrđeno je iz Vlade medijima. Akcija je trajala više od pet sati.


Više ➡️ https://tinyurl.com/4ys2hne3

Posted by HRT Vijesti on Tuesday 11 March 2025


„Оперативците во Поморско-оперативниот центар на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа, во рамки на повикот за помош, добија информација дека три лица управувале кајаци од Скадар до устието на реката Бојана во Јадранското Море. Поради сложените и лоши временски услови, еден кајак се превртел, по што силните струи однеле на отворено море две лица – едно од хрватска и друго од француска националност“, се наведува во официјалното соопштение.

Координирана акција под екстремни временски услови

Со оглед на неповолните временски прогнози кои најавуваа удари на јужен ветер со брзина до 40 јазли, била иницирана координирана акција за пребарување и спасување, спроведена во согласност со Националниот план за пребарување и спасување.