Килијан Мбапе постигна гол против Рајо Валјекано во победата на Реал Мадрид од 2:1, натпревар кој привлекува доста комични реакции благодарение на уникатниот специјал на „Мовистар плус“.
Познатата емисија „Ден подоцна“ откри интересни анегдоти од теренот кои не можат да се уловат за време на телевизискиот пренос, а убедливо најурнебесен момент е сцената од стандардното поздравување на фудбалерите на двата тима.
Килијан Мбапе добил допир по лице од голманот на Рајо Валјекано, а од тоа што може да се види, Французинот не останал воопшто импресионира.
– Чудна миризба, – изговорил Мбапе откако се поздравил со Аугусто Баталја, јасно алудирајќи на неговите ракавици.
Голманите често знаат да користат непристојни методи со цел подобро да им „лепат“ ракавиците, па јасно е дека Мбапе беше жртва на некоја ваква епизода која претходела на поздравувањето со Баталја…