Рафаел Надал, првпат по пензионирањето проговори за ривалства што ги имаше во текот на кариерата со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Надал има позитивен скор во дуелите со Федерер, негативен во дуелите со Ѓоковиќ.
„Натпреварите против нив двајца беа сосема тактички различни“, објасни Надал во подкастот на Енди Родик.
„Со Роџер тактиката беше едноставна. Затоа моето ривалство со Федерер беше попривлечно за навивачите отколку со Новак, иако повеќе пати во кариерата играв против Ѓоковиќ“.
Надал вели дека тој и Федерер секогаш имале различни тактитки.
„Тој пробуваше едно, јас друго“, продолжува Надал, кој се пензионираше во ноември, на завршниот турнир во Дејвис купот во Малага.
„Целта ми беше да му го скршам бекхендот. Цело време бев фокусиран на тоа. Тој се обидуваше да игра паралели од две причини. Без разлика дали ќе постигне директен поен, тој создаваше создаваше повеќе простор за себе. Целта на Роџер беше да биде поагресивен, секој пат кога ќе погодеше форхенд, јас се враќав чекор назад. Објаснувањето е едноставно, за мене неговиот форхенд беше најдобриот против кој сум играл. Тоа беше шаховса партија во која немаше тајни. Цел свет знаеше која е стратегијата“.
Против Ѓоковиќ се било поразлично.
„Немаше толку јасна стратегија против Новак како што имаше против Федерер. Можевме да направиме план, но секогаш се сведуваше на тоа дека треба да играм одлично на долг период. Знаев и дека морам постојано да се прилагодувам. Не сакав да нападнам неговиот бекхенд бидејќи рано ја удираше топката и ме ставаше во комплицирана позиција. Почнав да користам бекхенд дроп шут, што понекогаш функционираше добро“, рече Надал и дополни.
„Исто така, се обидов да играм повеќе низ средината, за да не му ги оставам аглите отворени. Ако го отворите теренот против Ѓоковиќ и не стекнете предност, му давате шанса да игра како што сака. Кога станува збор за контрола на топката, тој е најдобриот тенисер против кого сум играл и сум го гледал“.
Надал кариерата против Ѓоковиќ ја заврши со 29 победи и 31 пораз, прптив Федерер има 24 победи и 16 порази.