Диего Симеоне го подготвува својот тим за реванш осминафиналето во Лигата на шампионите, а предизвикот не може да биде поголем од тоа да се соочите со најуспешниот тим во најелитното натпреврување.
Реал Мадрид стекна минимална предност од 2:1 на првиот натпревар и вечерва ќе се обиде максимално да профитира на „Метрополитано“, стадион на кој се очекува жешка и пеколна атмосфера за гостинските фудбалери.
Атлетико секогаш прикажува далеку подобри перформанси како домаќин, па затоа фановите на овој клуб цврсто веруваат во пресврт и пласман во четвртфиналето.
– Може да планирате секакви работи пред еден натпревар, да замислувате секакви сценарија, но на крајот одлучува тоа што ќе се случи на теренот. Ќе имаме многу тешки моменти против Реал, на крајот се ќе зависи од квалитетот и свежината на фудбалерите. Тие имаат предност од првиот натпревар и ние пристапуваме на мечот свесни дека треба да постигнеме гол.
– Верувам во моите играчи, имам максимална доверба во овој тим. Добро знам какви срца имаат моите играчи и ќе излеземе на теренот со идеја да останеме живи во Лигта на шампиони. Нашата цел е да играме во финалето во Минхен!
– Ќе имаме огромна поддршка од навивачите и свесни сме за тоа, но нема да го добиеме овој натпревар само со публиката. Играчите се тие кои ќе носат одлуки на теренот, мора да одиграме добар натпревар и очекувам да бидеме најдобри што може, – изјави Чоло Симеоне.