Секс-бомба го маѓепса пет години помладиот фудбалер и веднаш побара прстен! Заносната русокоса редовен гостин на натпреварите на Реал!

Точка

12/03/2025

15:32

2.548

Големина на фонт

а а а

Бразилското фудбалско чудо Ендрик веќе на 18 години го освојува светот на фудбалот и го носи дресот на славниот Реал Мадрид, но сè поголемо внимание на медиумите привлекува и неговата атрактивна сопруга, Габриели Миранда (23).

Бразилската убавица и инфлуенсерка го одзема здивот со своите провокативни фотографии, со кои редовно ги чести своите милионски следбеници на социјалните мрежи.

Иако Ендрик е пет години помлад од неа, нивната љубов цвета, а парот се венча на 16 септември 2024 година – токму на денот кога фудбалерот наполни 18 години.


Габриели неодамна откри како започнала нивната љубовна приказна. Призна дека не знаела дека Ендрик е фудбалер кога првпат го сретнала.

„Седеше сам во трговски центар и веднаш ми го привлече вниманието. Го погледнав и си помислив: „Каков прекрасен маж! Има заводлив поглед и делува како пријатна личност.“ Не знаев дека е фудбалер, но почувствував дека е човекот на мојот живот“, искрено раскажа русокосата убавица.


Двајцата повторно се најдоа во центарот на вниманието на светската јавност, откако Ендрик направи неочекувана и мошне комична грешка. Имено, наместо да ја означи својата сопруга на една фотографија, тој по грешка го тагна фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели (23), кој брзо реагираше и му одговори на шеговит начин.

„Феноменален си брат, но мислам дека тагна погрешна личност!“ – напиша бразилскиот напаѓач.