Инѕаги не стравува од ривалот во четвртфиналето: Добро го познавам Баерн

Дерби

12/03/2025

14:56

441

Големина на фонт

а а а

Симоне Инѕаги пред италијанските новинари говореше дека јавноста на Апенините не го цени доволно она што го остварува Интер во најелитното натпреварување, па во стилот на Антонио Конте се пожали дека медиумите прават работи кои не се баш нормални, да изгледаат сосема нормално.

Италијанскиот првак доби поволна ждрепка во осминафиналето и без проблеми излезе како победник од двомечот со Феенорд, но сега во четвртфиналето ги чека еден навистина сериозен и искусен ривал, големиот Баерн Минхен.

Баварскиот великан триумфално го мина двомечот со Баер Леверкузен и покажа дека е тим кој е специјализиран за натпреварување како Лига на шампиони, но Инѕаги не стравува премногу од Германците, за кои смета само дека се „солиден тим“.

– Ќе биде незгодно да се игра против Баерн и запознаен сум со тоа. Добро го познавам Баерн, се сретнав со нив и како тренер на Интер, но и како тренер на Лацио.

– Тие се солиден тим, но ние ќе играме онака какошто игравме досега. Нема да менуваме поради нашиот противник, ќе дадеме се што имаме на теренот. Додека да дојде тој двомеч, се надевам само на едно нешто. Се надевам дека ќе ни бидат на располагање сите повредени играчи, – изјави Симоне.