Аби Стокард (22), која ја претставуваше Алабама на изборот за Мис Америка 2025, ја освои титулата Мис Америка.
„Ова е неверојатно. Не знам што направив за да го заслужам ова“, изјави Стокард во видео објавено на инстаграм-профилот на организацијата.
Според објавите на социјалните мрежи, Стокард студира за да стане медицинска сестра и е поранешна навивачка на Универзитетот Обурн.
Таа беше крунисана за Мис Алабама во јуни 2024 година, пред да продолжи да се натпреварува на изборот за Мис Америка.
Стокард се претстави заедно со уште 51 претставничка од секоја сојузна држава. Таа беше една од 11-те полуфиналистки, кои беа избрани да ги покажат своите таленти, да демонстрираат физичка подготвеност, да носат свечени фустани и да одговараат на провокативни прашања. Потоа премина во финалната петорка и беше крунисана како победничка.
Инаку, таа е во романтична врска со кошаркарот Вокер Кеслер, кој важи за еден од најдобрите млади центри во американската кошаркарска лига Ен-бе-а и игра за тимот на Јута џез.
Walker Kessler watched his girlfriend Abbie Stockard win Miss America while at dinner with his coach Will Hardy 😂💯
— Kicks (@kicks) January 7, 2025
(via @BensHoops) pic.twitter.com/jrYL96LTIl
Кеслер го проследи изборот за убавина онлајн, во друштво на неговиот тренер Вил Харди. Во моментот кога Стокард беше прогласена за најубава Американка, кошаркарот беше целосно воодушевен. Во продолжение, погледнете ја неговата реакција.