Вилата на актерот Адам Броди (на пошироката јавност познат како Сет од серијата „O.C.“) и неговата сопруга, актерката Лејтон Мистер (на пошироката јавност позната како Блер од серијата „Gossip Girl“) во Лос Анџелес изгоре во шумскиот пожар, јавуваат американските медиуми.
Вилата вредна 6,5 милиони долари е целосно изгорена, пожарот ги зафатил сите соби, а од имотот извирал чад.
Leighton Meester and Adam Brody’s house has burned down amid the Pacific Palisades wildfire. pic.twitter.com/ZtG6haO4Tl
— 21 (@21metgala) January 8, 2025
Пред неколку дена присуствуваа на доделувањето на наградите „Златен глобус“
Парот ја купи куќата во 2019 година. Тие живееле таму со своите две мали деца. Куќата имала пет спални соби и шест бањи и се протегала на три ката. Парот не се огласил, а последен пат беа видени во јавноста пред неколку дена на доделувањето на наградите „Златен глобус“.
Две лица загинаа
Потсетуваме дека шумскиот пожар беснее во луксузниот дел на Лос Анџелес, кој уништува куќи и создава сообраќаен метеж, додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромни облаци чад, кои зафатија поголем дел од градското подрачје. Пожарот го опустоши луксузниот кварт на Лос Анџелес, дом на многу познати личности како Бен Афлек, Џене Аико, Том Хенкс, Мајлс Телер и други.
Сè започна во вторникот околу 10 часот по локално време, кога поради брзите ветрови пожарот се проширил во дворот на станбена зграда во Палисадес. Оттогаш околу 49.000 луѓе се повикани да се евакуираат од погодените области, а повеќе од 1.400 пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарот.
Две лица загинаа, а многумина се тешко повредени во пожарите кои беснеат во областа на Лос Анџелес, соопштија пожарникарите, додавајќи дека илјадници луѓе мора да бидат евакуирани. „За жал, имаме двајца загинати цивили и имаме многу сериозни повреди“, соопшти на новинарите шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Ентони Мароне.