[ФОТО/ВИДЕО] Поради неа ја напушти сопругата по 30 години брак! Хју Џекмен ја потврди врската со 7 години помладата колешка: Се шпекулираше долго време, сега се држат за раце и не се кријат од папараците

Точка

09/01/2025

10:26

2.289

Големина на фонт

а а а

Хју Џекмен (56), австралиски актер ја остави сопругата Дебора Ли Фурнес, со која има две посвоени деца, поради американската актерка Сатон Фостер (49), и официјално е потврдено по неколкумесечните шпекулации.

Хју Џекмен и Сатон Фостер официјално ја потврдија својата романса. Дека тие се нов љубовен пар во Холивуд, доказ се новите папарацо фотографии направени во понеделникот вечерта на улиците на Санта Моника. Така, повеќемесечните шпекулирања дека најзгодниот актер во Холивуд ја оставил сопругата по 27 години брак поради колешка со која играл во мјузиклот на Бродвеј „Music Man“ се потврдија.

На фотографиите објавени од „People“ и „TMZ“ се гледа парот како се држи за раце додека се упатуваат кон ресторан каде уживале во романтична вечера.


Кога ги забележале папараците, ниту за момент не се двоумеле да се разделат. Напротив, тие им се насмевнале не сакајќи повеќе да ја кријат својата љубов.

Ја напушти сопругата поради колешката


Во изминатите месеци се шпекулираше за нивната романса, а токму Сатон Фостер беше прогласена за „главниот виновник“ за распадот на бракот на Хју Џекмен.

Хју Џекмен и неговата поранешна сопруга Дебора Ли Фурнес (69) објавија дека се разведуваат во септември 2023 година по 27 години брак, а само една година пред тоа, австралискиот актер и Сатон Фостер заедно глумеа во мјузиклот на Бродвеј „The Music Man“.


„Врската на Сатон и Хју е причината зошто Хју и Деб се разведоа“, изјави извор близок до актерката за „US Magazine“ тогаш, уште откривајќи: „Многу луѓе на Бродвеј знаеја, но ние молчевме затоа што и двајцата се толку фини и одлични луѓе. Секој ја почитуваше својата приватност. Но, аферата се случи“.

Актерот, пак, тврдеше дека третата страна не е виновна за пропаѓањето на нивниот брак. Дебора и Џекмен имаат две посвоени деца, 24-годишниот син Оскар Максимилијан и 19-годишната ќерка Ава Елиот.


Во октомври оваа година Сатон Фостер по 10 години брак со Тед Грифин поднесе барање за развод и оттогаш ништо не ѝ стои на патот на љубовта со најзгодниот холивудски актер.