[ФОТО] „Моето соседство, сеќавањата на моите деца, нашите семејни спомени“: Ана Дивац скршена од болка се огласи од Лос Анџелес каде оганот носи сè пред себе

Точка

09/01/2025

11:08

2.412

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Владе Дивац, Ана Дивац, со семејството живее во Лос Анџелес, каде во моментов има невидени пожари.

Имено, околината на Лос Анџелес ја зафатија страшни пожари кои уништија повеќе од 1.000 објекти, меѓу кои и домови на познати личности. По тој повод се огласи и Ана Дивац, уништена од болката, сподели фотографии од изгорени куќи и навела дека многу нејзини пријатели ги загубиле домовите.


„Многу од моите пријатели ги загубија своите домови во последните неколку дена. Работејќи со бегалците толку многу години, ја разбирам болката и шокот од губењето дом. Сè уште чекаме да видиме што ќе се случи со нашиот сакан град Лос Анџелес и ја нудиме нашата помош на секој можен начин“, напишала Ана Дивац и додала:

„Мојот комшилак, спомените на моите деца, нашите семејни спомени исчезнаа“.


Евакуиран огромен број луѓе

Да потсетиме, во шумските пожари кои го опколија Лос Анџелес загинаа најмалку пет лица, беа уништени стотици домови и исцрпени ресурсите за гаснење пожари и резервите на вода, додека на повеќе од 100.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат. Пожарот го зафати и познатиот Холивуд Хилс.


„Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат околу Лос Анџелес се искачи на најмалку пет и може да биде поголем“, изјави шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна.