[ФОТО] Владо Георгиев по 13 години ѝ „честиташе“ Божиќ на Адриана Лима: Се вжештија социјалните мрежи а еден коментар се издвои од останатите

Точка

08/01/2025

14:02

6.580

Големина на фонт

а а а

Пејачот Владо Георгиев одговори на твитот на Адријана Лима од 2012 година, кога таа го честиташе Божиќ!

Имено, светскиот топ-модел тогаш на Твитер напиша „Христос се роди“, а Владо по 13 години решил да напише нешто што предизвикало вжештување на социјалните мрежи.


„Навистина се роди драга Адријана“, напишал Владо и потоа ставил емотикон со срце.

Поради постапката на пејачот, социјалните мрежи се вжештија, а многумина подоцна во коментар му одговорија на Владо.

„Се напи, па одговараш на честитки од пред 13 години“, напишал извесен корисник, а Георгиев му одговорил на тоа:

„Како и секоја година“.


Да потсетиме, поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ своевремено успеа да го освои срцето на најубавата жена на светот Адријана Лима. Сепак, нивната љубов не траеше, а по разводот останаа во добри односи и заедно се грижат за своите ќерки Валентина и Сиена.

По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима се сврши со новиот партнер, продуцентот Андре Лемерс, со кого неодамна доби син.


Инаку, Марко Јариќ со години живеел во Мајами, таму имал луксузна вила, но, како што дознава српски „Блиц“, поради поранешната сопруга морал да се отсели оттаму.