[ФОТО] Имаат 28 години и милиони во џебовите, заедно се од полнолетство, а никој не знаел за тоа: Сега се шпекулира дека се верени и светот е во транс

Точка

08/01/2025

12:19

6.678

Големина на фонт

а а а

Зендаја и Том Холанд се млади холивудски ѕвезди. Со само 28 години постигнале многу, освен големи и значајни улоги, двајцата заработиле и огромни суми во текот на снимањата.

Парот се запознал во 2017 година на снимањето на „Spider-Man: Homecoming“, својата врска со години ја чуваа во строга тајна, а сега се шпекулира дека се верени.

Наводно, Том Холанд одлучил да ги помине празниците со семејството на Зендаја во Америка и по тој повод парот ги направи првите заеднички тетоважи: ја истетовираа првата буква од името на другиот. Том носи тетоважа на градите, додека Зендаја има тетоважа со буквата Т под десната рака.


По заедничкото тетовирање, Том ја запросил Зендаја додека двајцата биле сами. Многумина велат дека веридбата била интимна, скромна и едноставна.

Зендаја сега на раката носи прстен вреден 200.000 долари, додека Том изјавил дека неговата врска со Зендаја е нешто „најсвето во неговиот живот“.


Парот никогаш не предизвикувал скандали и големо внимание. И двајцата се презадоволни еден со друг додека одвоено настапуваат и се појавуваат на црвениот тепих.


„Кога би излегол со неа на црвениот тепих, тоа повеќе не би било нејзин момент, ќе беше наш. Сега е нејзиното време и не сакам да привлекувам внимание на себе“, објаснува Том Холанд зошто не се појавува на престижни настани со неговата свршеница. Актерот неодамна изјави и дека има неверојатна потреба да се ожени и да има деца: „Кога ќе имам деца, нема да ме гледате повеќе на екраните и во јавноста. Тоа е тоа. Кога ќе станам татко, ќе биде само голф и деца, ќе исчезнам од лицето на земјата“.