Ова се 3 додатоци во исхраната што сите над 50 години треба да ги земаат

Точка

18/03/2026

17:27

611

Големина на фонт

а а а

Додатоците богати со витамини, минерали и други важни соединенија можат да ја подобрат функцијата на мускулите, здравјето на коските и нивото на енергија – сè што ни е потребно за да се чувствуваме силно и активно.

По педесеттата година, телото се менува – мускулите ја губат силата, коските стануваат послаби, а енергијата опаѓа. Иако балансираната исхрана и редовната физичка активност се клучни за одржување на виталноста, одредени додатоци во исхраната можат дополнително да помогнат.

Експертите истакнуваат дека додатоците богати со витамини, минерали и други важни материи можат да ја подобрат функцијата на мускулите, здравјето на коските и нивото на енергија – сè што ни е потребно за да останеме силни и активни.

Доктор Мајкл Лахи ги препорачува следните додатоци во исхраната за лица постари од 50 години.

1. Магнезиум – за силни мускули и подобра подвижност

Магнезиумот е неопходен за здравјето на мускулите. Помага во регулирање на контракциите и спречува непријатни грчеви. Кога телото има доволно магнезиум, се намалуваат вкочанетоста и болката во мускулите, што го олеснува движењето и ја зголемува силата.

„Магнезиумот е микронутриент што помага во регулирање на многу телесни процеси, од функцијата на мускулите и нервите до производството на енергија. Кај лицата над 50 години помага во контрола на мускулните контракции, ја зголемува енергијата и го поддржува здравјето на срцето“, вели доктор Лахи.


2. Витамин Д – за цврсти коски и енергија

Витаминот Д е клучен за апсорпцијата на калциумот, што е од витално значење за коските. Со возраста густината на коските се намалува, а ризикот од скршеници и остеопороза се зголемува.

„Витаминот Д не помага само за здравјето на коските, туку и за мускулите, имунолошкиот систем и нивото на енергија. Доволниот внес, било преку храна или додатоци, го намалува ризикот од падови и скршеници, што е клучно за одржување на физичката сила во подоцнежните години“, истакнува доктор Лахи.


3. Омега-3 масни киселини – против воспаление и болки во зглобовите

Со возраста често се јавуваат болки во зглобовите и вкочанетост поради хронично воспаление. Омега-3 масните киселини, кои се наоѓаат во рибиното масло, имаат силни противвоспалителни својства. Помагаат во намалување на болката, ја зголемуваат подвижноста и го подобруваат движењето.

„Омега-3 масните киселини им помагаат на зглобовите и кардиоваскуларниот систем, го намалуваат воспалението и ја подобруваат општата физичка подвижност. Тоа резултира со повисоко ниво на енергија и подобро расположение“, додава доктор Лахи.


Експертите нагласуваат дека не е потребно целосно да се исфрли шеќерот или одредени намирници. Клучот е во балансирана исхрана, редовно движење и додатоци кои му го даваат на телото она што му е потребно.

Едноставни промени во животниот стил – како редовни оброци, вежби за сила, доволно сон и овие додатоци – можат значително да ја подобрат енергијата, виталноста и целокупното здравје. По педесеттата, вреди да се обрне внимание на секој детал – телото ќе ви биде благодарно.