[ВИДЕО] Барате идеја за поинаков десерт за Бајрам? Пригответе кадаиф-урмашици

Точка

18/03/2026

16:30

176

Големина на фонт

а а а

Доколку барате идеја за поинаков десерт за претстојниот Бајрам, кадаиф-урмашиците се необичен спој на традиционални колачи.

Состојки:

2 јајца една (една белка да се остави за премачкување)

125 гр маргарин или путер

1 чаша масло

1 чаша гриз

1 ипол супена лажица шеќер во прав (не мора да бидат преполни)

1 прашок за печиво

2 ипол чаши брашно + 1 супена лажица брашно доколу ви притреба


За шербет:

3 ипол чаши вода

2 ипол чаши шеќер

За посипување:

1 ипол чаша пржен кадаиф

Подготовка:

За шербетот измешајте ги шеќерот и водата додека шеќерот да се стопи. Кога ќе зоврие варете на средна температура уште 15 минути, а потоа тргнете го шербетот од рингла и оставете целосно да се олади.

Од наведените состојки замесете меко тесто. Од тестото правете топки помали од ореви. Секоја топка прво потопете ги во белката што претходно ја оставивте, а потоа во пржен кадаиф.

Редете ги во тепсија и печете во претходно загреана рерна на 175 Целзиусови степени додека да поруменат.

Откако ќе ги извадите од рерна оставете ги малку да се оладат, а потоа полијте ги со млак шербет.

Извор: Zemira Dedić