Снимката од аудицијата на Лили Роуз Деп за хорор филмот „Носферату“ се појави во јавноста и остави многу обожаватели без зборови.
Француско-американската актерка (25) се појави во филмот, кој беше објавен кон крајот на минатата година и претставува застрашувачка реинтерпретација на класикот од 1922 година, базиран на делото на Брам Стокер, „Дракула“.
Во оваа нова верзија, Бил Скарсгард ја презеде улогата на грофот Орлок, додека Лили Роуз го толкуваше ликот на Елен Хатер, предметот на неговата злобна опсесија.
Неодамна беше објавена снимка од аудицијата на Лили Роуз за овој филм, снимена за време на пандемијата преку апликацијата „Zoom“, а за кратко време се здоби со бројни коментари на социјалните мрежи.
Корисниците на платформата Х коментираа: „Таа го надмина сопствениот татко со само една сцена“, рече еден воодушевен обожавател, споделувајќи клип од филмот. Друг додаде: „Талентот очигледно го наследила, но нејзиниот труд е неоспорен“. Додека друг обожавател рече: „За ова дефинитивно заслужува награда“, пренесе Мирор.
Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, јасно дава до знаење дека самата сака да ја гради својата кариера во Холивуд. Во интервју за поткастот „Happy Sad Confused“ минатиот четврток, актерката призна дека вложува дополнителен труд за да го докаже својот талент, пренесе Дејли Мејл.
„Не ми пречи да работам повеќе ако е тоа она што луѓето го очекуваат од мене за да се докажам“, рече таа.
Лили исто така истакна: „Го сакам тоа што го работам, тоа е единственото нешто кое знам да го правам. Ако тоа значи дека треба да работам десет пати повеќе, тоа е во ред. Не сум засрамена, моите родители се талентирани уметници и благословена сум што сум нивна ќерка“.