Иако инаугурацијата на Доналд Трамп се одржа пред неколку денови, сепак не стивнуваат реакциите на некои од моментите забележани за време на свечениот настан. На социјалните мрежи се споделуваат снимки од Илон Маск, кои изненадија многу корисници. Имено на нив може да се види како најбогатиот човек на светот се однесува невообичаено, прави чудни изрази на лицето, превртува со очите, ја врти главата и гледа во таванот на салата.
„Што се случува со него? многумина прашаа. „Се однесува како да не е човечко битие“, „Ова е страшно, тој изгледа како робот, а не човек“, „Како некој да го контролира“, беа само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.
„Собира податоци“, „Изгледа како да чита нешто во воздухот“, „Убеден сум дека е вонземјанин“, „Му се прекинала врската со Старлинк“, „Bluetooth“ е успешно поврзан“, се пошегуваа други корисници.
Му бил дијагностициран облик на аутизам
Многумина објаснија дека нему му бил дијагностициран Аспергеров синдром, што претставува форма на аутизам и дека ова однесување е последица на неговата состојба.
„Тој отворено рече дека има Аспергеров синдром и сигурен сум дека ваквото окружување со многу луѓе е многу предизвикувачка за него“, објасни еден корисник на социјалните мрежи. Меѓутоа имаше и такви кои веруваат дека тој само сакал да привлече внимание кон себе.
Се појави и мајката на неговите деца
Потсетуваме, Маск се појави на гала вечерата во пресрет на инаугурацијата со Шивон Зилис, мајката на неговите три деца. Зилис, високопозиционирана во „Neuralink“, компанијата за развој на мозочни чипови на Маск, до сега во голема мера ја избегнуваше јавноста. Сепак, таа се појави со него во неделата, а тоа беше прв пат да биде забележана со милијардерот во јавност.
И покрај тоа што имаат три деца, нивната врска сè уште не е јасно дефинирана. Во ноември 2024 година, тие беа видени заедно на гала-вечера во комплексот Мар-А-Лаго на Трамп. Сепак, Зилис остана во втор план додека Маск позираше со нивната ќерка Азур.