[ФОТО] И Меланија го носи легендарниот југословенски жиг: Социјалните мрежи се распламтени поради овој детаљ на нејзината рака

Точка

24/01/2025

13:08

5.683

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), неодамна осамна фотографија од првиот танц на Меланија и Доналд Трамп за време на неговата инаугурација, која предизвика големо внимание, особено меѓу корисниците од поранешна Југославија.

Имено,на фотографијата која зрачи со елеганција, корисниците забележале мала лузна на надлактицата на Меланија – позната како „белегот на Југославија“.

Меланија Трамп, денес прва дама на САД и олицетворение на стилот, потекнува од Севница, мало гратче во Словенија, кое тогаш било дел од СФР Југославија. Пораснала во работничко семејство, во едноставна средина. Нејзините родители Виктор и Амалија биле посветени на семејството и напорната работа. Таткото Виктор продавал автомобили, додека мајката Амалија работела како шивачка во фабриката за детска облека „Јутрањка“. Покрај работата, Амалија често поминувала часови правејќи облека за Меланија и нејзината постара сестра Инес. Нејзините креации отсекогаш биле уредни и модерни, а многумина на шега ја нарекуваа „Џеки Кенеди“ поради нејзиниот префинет стил и елеганција.


Семејството било цврсто поврзано, а Меланија често говорела за тоа.

„Пораснав во прекрасно семејство и имав прекрасно детство. Мајка ми и татко ми нè научија на важноста на образованието, напорната работа и семејството.

Како девојче, била тивка и повлечена, но љубопитна и подготвена да учи. Овие особини ја следеле и подоцна, додека ги следела своите соништа во Љубљана, а потоа и во светот на модата. Својата манекенска кариера Меланија ја започнала на 16 години, благодарение на случајната средба со фотографот Стане Јерко, кој ја забележал во Љубљана. Оттогаш, нејзиниот живот добил нов правец – од малото гратче Севница стигнала до Милано, Париз и, конечно, во Њујорк, каде го запознала Доналд Трамп и започнала ново поглавје од нејзиниот живот. Сепак, таа секогаш со задоволство се сеќава на нејзините корени и семејството кое ја обликувало.

Нејзиниот пат од животот во Југославија до светската модна сцена и Белата куќа е инспирација за многумина, но оваа мала лузна ги потсети сите на заедничкото искуство на генерациите од регионот.


„Југос од километар ќе го познаеш по вакцината“, пишува во описот на објавата, алудирајќи на лузната која останала по вакцинацијата против туберкулоза (BCG вакцина), која ја примале сите деца. И покрај улогата на прва дама на светот и симбол на гламурот, овој детаљ на нејзината рака сведочи за нејзините корени и минато.

Многу корисници коментираа како оваа лузна ги потсетува на поврзаноста на сите кои пораснале во тој период. Коментарите се нижеа под објавата, а некои од нив се:

„Да, екс Југословенскиот печат“, „Ја сум горда на таа цивилизациска лузна“, „Наша, а светска!“, „И јас го имам“, „Браво! Какво запазување“, заклучија на крајот.

Патот на Меланија од детството во Севница до улогата на прва дама докажува дека со многу упорност и желба не препреки не постојат. Сепак, без разлика на промените и предизвиците, се чини дека Меланија останала доследна на своите вредности – семејството, работата и истрајноста. На крајот, нејзиниот живот покажува дека и најнезабележливите детали можат да ја раскажат приказната за тоа од каде доаѓаме и што сме станале. И дека дури и лузните се тој убав дел од нас кој нè прави комплетни.