Молскавично стекна огромна слава, поради која и психички се разболе: Актерот кој своевремено се повлече поради популарноста, годинава повторно номиниран за Оскар

Точка

24/01/2025

10:01

2.078

Големина на фонт

а а а

Актерот Адриен Броди би можел по вторпат да освои Оскар за најдобра машка главна улога во филмот „The Brutalist“, откако во 2003 година го освои за улогата на Владислав Зиплан во филмот „The Pianist“, пишуваат странските медиуми.

Броди, кој имал 29 години кога го добил првиот Оскар и станал најмладиот добитник на наградата во таа категорија, за време на снимањето раскинал со својата девојка, изгубил премногу килограми и на крајот се разболел. Сега открива како никогаш повеќе не би поминал низ таква драстична трансформација.


„Сега сум возрасен. Како млад човек, не чувствував дека можам искрено да исполнам сè што беше на моите раменици со „Пијанистот“, па навистина длабоко се нурнав“, се зборовите на Броди. „Го напуштив својот живот, моите најблиски, домот, од телефонот, од автомобилот за да ја испочитувам мојата работа. Но сега е помалку токсично. Повеќе не сметам дека е потребно да се измачувам самиот себеси“.

По Оскарот за „The Pianist“, Броди исчезнал од телевизиските екрани бидејќи самиот не можел да ги разбере пофалбите за филмот, па се повлекол во изолација на село. Сепак, тој прифатил улоги за неколку филмови, од кои најзначајни се „King Kong“ (2005), „The Darjeeling Limited“ (2007) и „Predators“ (2010).

Во „The Brutalist“, кој сега е на удар на корисниците на социјалните мрежи поради користење на вештачка интелигенција за корекција на акценти и создавање средини, Броди го игра унгарско-еврејскиот архитект Лазло Тот, кој бега во САД поради холокаустот. Историската драма доби седум номинации за Златен глобус, освојувајќи ги за најдобра драма, најдобар актер во драма и најдобар режисер.


При добивањето на наградата Златен глобус, Броди посвети дел од својот говор да искаже благодарност на својата партнерка Џорџина Чепмен.


„Великодушноста на твојот дух, твојата сопствена отпорност и твојата огромна креативност секојдневно ме потсетуваат дека сум жив“, порачал Броди на 5 јануари. „Немаше да стојам овде пред сите да не беше ти. Имаше моменти, не толку одамна, кога мислев дека никогаш повеќе нема да ми биде пружен ваков момент, затоа ти благодарам“.