Бројот на следбеници на Ким Кардашијан (44) на Инстаграм е значително намален и тоа поради една објава. Имено, на многу луѓе не им се допадна тоа што Ким почна да споделува содржини со политички призвук, а неодамна сподели фотографија од Меланија Трамп, новата прва дама на САД.
Ја отследија дури 150.000 следбеници
Оваа објава предизвика лавина реакции, а многу коментари беа негативни. За само неколку минути дури 150.000 луѓе решија да ја отследат Ким, пренесе Дејли Мејл.
Таа моментално има околу 358 милиони следбеници на својот Инстаграм профил. Според маркетинг агенцијата специјализирана за инфлуенсери, овој пад се смета за „загрижувачки“. Ким сè уште јавно не се изјасни кого поддржала на изборите – Доналд Трамп или Камала Харис. Но, некои веруваат дека сега работите се појасни. Од друга страна, многумина истакнаа дека Ким само сакала да го пофали модниот избор на Меланија.
Трансродовата Кејтлин Џенер го поддржува Трамп
Потсетуваме, Кејтлин Џенер, поранешната партнерка на мајката на Ким Кардашијан, се соочува со бурни реакции поради присуството на балот во знак на поддршка на Доналд Трамп. Џенер, која јавно се декларира како трансродова жена од 2015 година, често ја користи својата платформа за споделување ставови за општествени прашања и за истакнување на нејзиното долгогодишно пријателство со Трамп. Меѓутоа, нејзината отворена поддршка за претседателот, чија политика е насочена кон ограничување на правата на трансродовите лица, предизвика лавина негативни реакции.
На социјалните мрежи Џенер се соочи со критики и коментари во кои корисниците и се обратија со нејзиното старо име – Брус. Меѓу коментарите се издвојуваат: „Врати се на фабричките поставки, Брус!“, „Па, Брус, според твојот претседател, Кејтлин не постои“, „Здраво, повторно си Брус, ти си маж“.
Во 2015 година помина низ транзиција
Кејтлин Џенер, порано позната како Брус Џенер, стана глобално препознатлива не само како олимписка шампионка во десетбој, туку и како член на семејството Кардашијан-Џенер.
Нејзината транзиција во 2015 година привлече големо внимание во јавноста, но и бројни полемики.