[ФОТО] Најубавата жена на светот ги покажа нозете „како гранчиња“ и изненади многумина

Точка

24/01/2025

22:14

1.598

Големина на фонт

а а а

Бела Хадид неодамна беше фотографирана пред апартманот на нејзината сестра Џиџи Хадид во Њујорк, а вниманието на фотографите го привлече нејзината лежерна облека и особено слабото тело.

Иако манекенката Бела Хадид најчесто ја гледаме во гламурозни фустани и шик тоалети на модните писти, и оваа комбинација убаво ѝ прилега.


Всушност, Бела Хадид покажа дека и во наједноставните модни парчиња може да изгледа привлечно и посакувано – без многу шминка и аксесоари.



Една од најубавите жени на светот за време на фотографирањето ги покажа долгите нозе и исклучително витката линија, како и нејзиниот лежерен стајлинг.


Лежерната модна комбинација се состоеше од темновиолетови хеланки, црн дуксер и „oversize“ јакна, исто така во црна боја.

Манекенката изгледот го дополни со големи обетки и лента за коса, како и ретро очила за сонце.