Академијата за филмски уметности и науки вчера ги објави номинациите за овогодишните Оскари.
„Не можам да престанам да плачам“
Дел од ѕвездите излегоа во јавноста со изјава по номинациите. Аријана Гранде, која беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога во филмот „Wicked“, објави емотивна објава на Инстаграм.
„Не можам да престанам да плачам, што не е изненадување. Понизна сум и длабоко почестена што сум во толку брилијантно друштво“, рече таа, потсетувајќи се на своето детство кога ја гледаше Џуди Гарланд како пее „Somewhere Over the Rainbow“. Таа додаде дека е горда на себе и се заблагодари на Академијата за признанието.
Таа му се заблагодари и на режисерот Џон Чу кој ѝ ја доделил улогата.
„Ти си неверојатен лидер, човек и пријател. Јас сум горда на моето прекрасно зло семејство“, додаде.
Зои Салдана е номинирана за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во филмот „Emilia Pérez“.
„Мислам дека не можам да ја изразам доволно благодарноста и радоста што ги чувствувам за признанието што го доби Емилија Перез. Да се биде дел од прекрасното семејство што го создаде Жак беше сон“, рече Зои.
Деми Мур кусо се заблагодари на Академијата за номинацијата за најдобра женска улога и му додели признание на режисерот на „The Substance“.
Карла Софија Гаскон, ѕвездата на филмот „Emilia Pérez“, влезе во историјата на филмската индустрија како првата трансродова актерка номинирана за Оскар. И таа била кратка повод огласувањето на таа тема. „Голема благодарност до Академијата“, рекла таа.