(Епизода 8-ма) „Дали сте знаеле дека“ - со Дарко Влогс: „Двапати се обидов да се самоубијам“

Точка

28/04/2021

21:58

10.371

Големина на фонт

а а а

Дарко Влогс - име кое на Инстаграм екипата ѝ е добро познато.

За останатиот свет - Дарко Јефремов е 32 годишен камионџија, кој живее и работи во Америка. Неговиот Инстаграм профил брои повеќе од 100.000 следбеници, а цела 'младина' од земјава, сите светски, па и домашни случувања, најпрвин ги дознава оттаму.

Јефремов на својот Инстаграм профил споделува разни 'мемиња', објавува видеа и фотографии од неверојатни случки низ земјава (кои неговите следбеници претходно му ги испраќаат), поради што важи за еден од најпозитивните ликови на оваа платформа.

Дарко најчесто го гледаме во улога на камионџија, како прави забавни видеа, може да видиме и некоја фотографија од прекрасната Америка, но речиси и ништо подетално не знаеме за него.

32-годишниот забавен лик 'од Инстаграм', всушност има и не така лесно минато.

Во рубриката „Дали сте знаеле дека“, тој нѝ откри дека бил во брак дури 4 месеци, а се развел бидејќи поранешната сопруга користела наркотици.

Дарко двапати се обидел да се самоубие, поминувал низ тежок период, но вели дека сега е посилен од било кога.

Откри интересен детаљ и за неговата девојка, а дознаваме и дека наскоро ќе му се исполни најголемиот сон.

Дарко Влогс на денешното 'мени' на Точка ТВ.

ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“

ЕПИЗОДА 5: „Дали сте знаеле дека“ - со Владо Јаневски: „Тоше во неколку наврати имаше кажано дека сум му омилен текстописец и затоа...“

ЕПИЗОДА 6: „Дали сте знаеле дека“ - со Тања Кочовска: „3 пати сум мажена и пијам апчиња за притисок, шеќер и холестерол“

ЕПИЗОДА 7: „Дали сте знаеле дека“ - со Татјана Стојановска: „Додека не го испијам првото кафе не сум пожелна за комуникација“


Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk