„Дали сте знаеле дека“ Татјана Стојановска е долгогодишна водителка и некогашна Мис на Македонија?
Да, знаеме дека тоа со сигурност го знаете. Но, веројатно не знаете многу детали од нејзиниот приватен живот, нешта од нејзиното секојдневие...
Татјана е препознатлива по својот неверојатен шарм, убавина, елегантност и приземност, и се разбира, по нејзината јавна професија.
Таа долги години е водител на вестите на „Канал 5“ телевизија, па многумина ја знаат само во нејзиното најпрофесионално, речиси и пресериозно издание.
Татјана во приватниот живот е обичен човек кој се соочува со секојдневни проблеми, а во нашата 7-ма епизода на „Дали сте знаеле дека“, нѝ открива работи кои јавноста помалку или воопшто не ги знае за неа.
Стојановска утрата ги започнува со кафе, а вели дека пред да го испие не е 'пожелна' за разговор.
А, што друго нѝ откри водителката во својата епизода, дознајте во видеото. Додека ги читате малку познатите факти за Татјана, во позадина ќе ја слушнете и нејзината омилена песна - безвременската „Bolero“.
ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски
ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“
ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“
Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ