Епизода 4 на „Дали сте знаеле дека“ и веројатно веќе знаете што значи тоа - малку познати факти за уште една јавна личност од домашната сцена.
Дани Димитровска е овонеделниот раскажувач во нашата нова рубрика.
Пејачката ретко зборува за својот приватен живот, но овојпат, на наше огромно задоволство, откри 10 не толку познати работи од нејзината приватност.
Дани е авантуристички лик, човек со голема страст кон екстремните спортови. Сака скијање и бордање, а обожава и мотори. Некогаш тие биле нејзино превозно средство, а во моментов ѝ се само страст, на која веруваме дека повторно ќе ѝ се посвети.
На 20 години хоби ѝ било јавање коњи, но после повреда од истото, престанала. Дани вели дека љубовта кон коњите постојано е присутна и засекогаш ќе остане така.
Интересно, а и нешто што не смее да остане незабележано е нејзината посветеност на децата со родени со состојби. Па така, пејачката нѝ открива дека редовно го посетува објектот во Капиштец каде што престојуваат децата со церебрална парализа.
„Таа релација е единствена и чиста... за која не се потребни зборови при комуникација“, открива Дани.
Димитровска има специфичен и истовремено уникатен изговор на самогласката Р, а за Точка вели дека на 8 години пелтечела поради неможноста да ја изговори истата.
„Родителите ме уверија дека моето Р е уникатно и во ред е така да остане. Моето Р сè уште е непроменето во својата различност“, признава пејачката.
10-те интересни работи за приватниот живот на пејачката Дани Димитровска дознајте ги во видеото.
ЕПИЗОДА 1: Епизода 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски
ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“
Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненеад Смиљковиќ