Автомобилистот Ристо Вуков-Рико за Точка ТВ: „Една сезона ме чини и до 400.000 евра“

Точка

04/02/2022

22:55

21.827

Големина на фонт

а а а

Ристо Вуков-Рико (26) уште на шест годишна возраст почнал да покажува интерес за автомобилизмот. 20-годишната кариера за ова младо момче е исполнета со многубројни награди, на кои е особено горд. Посебно ја истакнува титулата што ја освоил во Грција, во 2009-та година.

Тимот на Точка беше на гости токму во домот на Рико, кој е преполн со пехари, дипломи и многу освоени титули.

„Уште како мал си играв со колички и буквално не се двоумев кога избирав кон што ќе се насочам. Почнав со картинг, а после 10 години се префрлив во автомобилизмот и автотрките“, вели поранешниот неколкукратен шамион во картинг за Точка ТВ.

И покрај многуте освоени титули досега, за Вуков најголем предизвик е освојувањето нови стази.


Оваа сезона ќе настапува на Порше Карера купот, во конкуренција со уште 40 возила.

Го прашавме Рико што значи финансиски за еден автомобилист да биде дел токму од овој спорт.

„Една сезона ме чини од 300.000 евра - 400.000 евра, што за наши услови е прилично многу. Но, не можам да се пожалам. Агенцијата за млади и спорт постојано ме поддржува и важна ми е таа поддршка“, вели Вуков за Точка.

Новинар: Цеце Николова
Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk