Епизода 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

Точка

10/03/2021

22:54

4.155

Големина на фонт

а а а

Драги наши читатели, со огромно задоволство со вас го споделуваме нашиот најнов видео проект - „Дали сте знаеле дека“, кој почнувајќи од денеска, секоја среда ќе имате можност да го следите на нашиот сајт.

Во кратко видео ќе ви откриваме работи кои пошироката јавност не ги знае за познатите ликови на нашата естрада - водители, музичари, спортисти, уметници...

Овој проект го започнуваме со интересни факти за приватниот живот на водителот Димитар Атанасовски, кој во својата богата кариера водеше многу настани, квизови и музички натпревари.

Слушнете од што најмногу се плаши, кој факултет сакал да го запише, што никако не сака да јаде, за првата средба со Илина...

Погледнете ја првата епизода на „Дали сте знаеле дека“ со Димитар Атанасовски и споделете со нас ваши впечатоци.

И, се разбира, уште отсега ви најавуваме многу интересна приказна во втората епизода на „Дали сте знаеле дека“. Ќе ви откриеме интересни работи за еден многу познат македонски пар...

Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk