(Епизода 6) „Дали сте знаеле дека“ - со Тања Кочовска: „3 пати сум мажена и пијам апчиња за притисок, шеќер и холестерол“

Точка

14/04/2021

22:08

6.143

Големина на фонт

а а а

Во шестата епизода на рубриката „Дали сте знаеле дека“, на Точка ТВ, раскажувач е незаменливата Тања Кочовска.

Кочовска е позната македонска театарска, филмска и телевизиска актерка и пејачка.

Таа е дел од познато музичко семејство, поранешните членови на групата „Мањифико“, Панче и Невена Кочовски и е сестра на пејачката Лидија Кочовска.

Тања е вистински шоумен, а тоа го почувствувавме и во неформалните договори кои ги правевме за нејзино учество во „Дали сте знаеле дека“.

Општо познато е дека Тања студиите ги завршила на Факултетот за драмски уметности, но малкумина знаат дека била асистент по....(дознајте во видеото).

Веројатно малкумина од вас знаат дека Кочовска е голем љубител на спортот, а во својата епизода открива интересни работи поврзани со нејзиниот спортски живот.

„Сакам куќа во Маврово, стан во парк, џип...“, вели актерката, која постојано има нови замисли, цели и желби кои сака да ги исполни.

Во видеото исто така ви откриваме како ѝ завршуваат претставите на Тања, што најчесто прави со колегите актери, а дознаваме и за нејзината терапија, која без проблем ја сподели со нас. 

ЕПИЗОДА 1: Епизода 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“

ЕПИЗОДА 5: „Дали сте знаеле дека“ - со Владо Јаневски: „Тоше во неколку наврати имаше кажано дека сум му омилен текстописец и затоа...“

Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk