(Точка ТВ) Најпоставувани прашања до пожарникар, со Владимир Симоновски: „Кога граѓаните ќе се јават на 193, мислат дека веднаш пред нив ќе се појави пожарникар“

Точка

17/12/2021

21:23

2.235

Големина на фонт

а а а

Во рубриката 'најпоставувани прашања', денеска ви го носиме командантот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Владимир Симоновски.

Автор: Цеце Николова
Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ

Но, да кажеме прво збор-два за пожарникарите?

Пожарникарите, кои се наши соседи, пријатели, членови од семејството, сограѓани - своите работни часови ги посветуваат на спасување нечии животи, така што го ставаат сопствениот во ризик. Нивната работа не е само гаснење пожар, иако самото име на професијата нè наведува да мислиме така. Пожарникарите настапуваат на терен буквално секогаш кога ниту полицаец, ниту доктор 'нема работа таму'.

Сте помислиле ли некогаш каква е работата на пожарникарите, што се крие зад тие гласни сирени што ги слушаме додека се на пат да интервенираат? А, што вие би прашале пожарникар?

Дали биле во оган, како е 'таму', колку време им треба да стигнат на местото на интервенцијата по повик, каква обука треба да завршат пожарникарите, како знаат од каде потекнува оганот ако сè што останало е пепел - се дел од прашањата што ние му ги поставивме на Симоновски.

Но, деталите откријте ги сами во видеото со пожарникарот Владимир Симоновски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk