Кинескиот претседател Шји Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан моментално се во посета на САД, а за нив вчера бил организиран свечен прием во Белата куќа.
На овој настан се појавиле и ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, како и нејзината ќерка Арабела Кушнер. Двете привлекле големо внимание и тоа од различни причини.

Иванка за оваа пригода избрала елегантен фустан во светлосина боја од кинеската дизајнерка Гуо Пеј.
Миди фустанот со долги ракави имал впечатлив горен дел кој потсетувал на струкирана јакна, која се спојувала со остатокот од фустанот и изгледала многу грациозно.
Четирите квадратни џебови на градите и колковите, како и поголемиот дел од споменатата „јакна“, биле украсени со масивен, густ бел и сребрен вез, кој визуелно потсетувал на елек.

Она што го поврзува овој стајлинг на Иванка со Ријана е тоа што и пејачката од Барбадос на Мет гала во 2015 година носела модел од оваа кинеска дизајнерка, а драматичната жолта креација тогаш привлекла големо внимание.

Иванка со изборот на креација од кинеската дизајнерка покажала почит кон гостите од нејзината земја.

Оваа елегантна комбинација Иванка ја искомбинирала со чевли со шпицест бел врв и делови во боја на кожа, додека косата ѝ била стилизирана во пунџа, оставајќи ги шишките ненаметливо да го обликуваат горниот дел од лицето.
Интересен стајлинг имала и нејзината ќерка, Арабела, која носела бел миди-фустан со ремен од модната куќа „Self-Portrait“, еден од омилените брендови на Кејт Мидлтон.

Горниот дел го сочинувало сако со кратки ракави и карактеристични џепчиња и копчиња, а долниот дел бил миди здолниште со набори.

Арабела со овој фустан носела беж сандали со отворени прсти и потпетица, а косата ѝ била пуштена.










