Софија Вергара повторно ја оправда титулата кралица на раскошните облини. Нејзиното длабоко деколте и овојпат ги привлече погледите на светот.
Позната по своите прекрасни облини и тело што го одзема здивот, актерката Софија Вергара реши да му претстави на светот ваков спектакл.

Таа се појави на снимањето на новата епизода од „Америка има талент“ во Лос Анџелес, а за таа пригода носеше уште едно длабоко деколте. Како што можете да видите, носеше фустан од корсет со крој во форма на сирена што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината зачудувачка фигура. Креацијата ги истакнуваше прекрасните облини, а деколтето во облик на срце на бујните гради.

Што се однесува до остатокот од стајлингот, таа избра брановидна фризура и имаше „nude“ нијанси на шминка. Акцентот беше ставен на природна коса и добро хидрирана кожа. Со ова издание, Софија само ја потврди својата долго заслужена титула кралица на прекрасните облини.








