[ФОТО] Линдзи Вон веќе не ја крие љубовта: Срцето ѝ го освоил 11 години помладиот скијач

Точка

25/09/2026

09:46

985

Големина на фонт

а а а

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон потврди дека е во врска со францускиот скијач Матје Баје. По неколкумесечни шпекулации, 41-годишната Вон објави заеднички фотографии со 30-годишниот Баје и на тој начин за првпат јавно ја потврди нивната врска.

Вон на Инстаграм објави серија фотографии на кои се осврна на изминатото лето. Меѓу нив има и фотографии со Баје, вклучително и една на која се бакнуваат во базен опкружен со планини. На друга фотографија, Баје ја држи околу половината додека заедно позираат на карпа покрај морето, а таа го покажа и нивниот заеднички момент на одмор во висечка мрежа.

„Време е за мал осврт на летото… прв дел“, напишала таа во објавата, на која ја додала песната „So Easy (To Fall In Love)“ од пејачката Оливија Дин.


За нивната врска се шпекулира уште од мај

Гласините за врската меѓу Линдзи и Матје се појавија уште во мај, кога беа видени заедно на Бродвеј. Извор тогаш тврдел дека тие двајца допрва се запознаваат, но ниту Вон ниту Баје јавно не потврдија дека се во врска.


Баје е француски алпски скијач кој настапува во Светскиот куп, а специјализиран е за брзинските дисциплини, спуст и супер-џи. Тој е 11 години помлад од Вон.

Зад неа се познати врски

Љубовниот живот на една од најуспешните скијачки на сите времиња со години го привлекува вниманието на јавноста. Вон од 2007 до 2013 година била во брак со поранешниот американски скијач Томас Вон, чие презиме го задржала и по разводот.


По разводот, таа била во врска со голферот Тајгер Вудс, а нивната врска траела од 2013 до 2015 година. Подоцна била свршена со хокеарот П. К. Субан, но парот на крајот од 2020 година објави дека се разделил.