Кејт Мидлтон и Чарлс Трети вчера присуствувале на погребот на војвотката од Кент во Лондон.
За еден детаљ поврзан за оваа принцеза од Велс и британскиот крал многумина зборуваат.
Кејт Мидлтон дошла во Весминстерската капела со сопругот принцот Вилијам.
Кралот Чарлс се појавил без кралицата Камила која поради здравствени проблеми (воспаленија на синусите) го пропуштила погребот.
А, потоа Кејт Мидлтон и кралот Чарлс се сретнале и срдечно се поздравиле. Поточно, се бакнале во образ, а потоа принцезата од Велс му се поклонила на кралот.
Принцезата е позната по тоа што совршено знае да го испочитува протоколот иако понекогаш го крши, но поради добри причини.
Ваквиот однос меѓу кралот Чарлс Трети и Кејт Мидлтон ја потврдува нивната блискост и огромната почит која трае со години и која станала уште посилна како последица на нивната борба со канцерот.
Да ве потсетиме, сопругата на принцот од Велс на почетокот на годинава соопштила дека е во фаза на ремисија, а лекувањето на кралот сѐ уште трае.
Детаљот од вчерашниот настан потсетил како Меган Маркл зборувала за протоколот во династијата. Во серијата „Хари и Меган“ од 2023 година на крајно чуден начин имитирала како искажувала почит кон кралицата Елизабета Втора.
На Хари му било видно неприајтно, а многумина ја критикувале дека со тоа покажала огромна непочит кон кралицата и воопшто кон монархијата.
Mеган пред „Мегзит“ во одредена мера го следела протоколот, но неретко со необични гримаси кои укажувале на тоа дека тие правила ѝ се необични, па дури и смешни. Имало и моменти без пропуст, но имајќи предвид сѐ, многумина сметаат дека никогаш не го прифатила протоколот како Кејт.
Сепак, да е на местото на Кејт Мидлтон, со сите привилегии, дали ситуацијата би била поразлична.
Се знае дека кралот Чарлс Трети е поповрзан со Кејт Мидлтон, во споредба со односот којшто го има кон Меган Маркл која го критикувала и фалела во јавноста, па од тој агол би било помалку веројатно војвотката од Сасекс да доживее ваква средба со кралот.