Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга и прва дама на САД се во официјална посета на Велика Британија, каде што по ноќта што ја поминале во Лондон, се сретнале со членовите на британското кралско семејство во замокот Виндзор.
Средбата на Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и Меланија Трамп, првата дама на Америка, беше долгоочекувана, а двете не разочараа со нивните стајлинзи.
Сопругата на принцот Вилијам изгледаше божествено во својот вообичаен стил, фустан во бордо боја од Емилија Викстед, додека Меланија носела црно сако и здолниште како и виолетова шапка со широк обод.
Комплиментот на Трамп за принцезата од Велс
Принцот и принцезата од Велс беа првите што ги пречекале и ги поздравиле Донал и Меланија, а експертите за читање од усни набргу потоа открија што зборувале. Според Дејли Мејл, Трамп ѝ рекол на Кејт Мидлтон: „Вие сте преубава“.
Трамп не штеди на пофалби за изглед
Познато е дека претседателот на САД има навика да дели комплименти на жени во такви формални пригоди и да го коментира нивниот изглед, а неговиот коментар при средбата со Брижит Макрон во 2017 година е веројатно најпознат. Во текот на својот прв мандат, Трамп со фасцинација ѝ рекол на првата дама на Франција: „Вие сте во толку добра форма“.
Тој не го тргал погледот од неа и очигледно бил импресиониран од изгледот на сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон.
Меѓутоа, Трамп не штеди на комплименти ниту кога станува збор за мажите, па по средбата што ја имал со принцот Вилијам на крајот од минатата година, по свеченото отворање на Нотр Дам по реновирањето, изјавил:
„Тој е згодно момче. Некои луѓе изгледаат подобро во живо. Изгледаше одлично, навистина убаво, и јас му го кажав тоа“.