Таа живее во САД веќе долги години, има неверојатна кариера во полето на современата технологија и тоа на светско ниво, ќерка е на големите Анче и Александар Џамбазови и сестра на единствениот Игор Џамбазов – таа е Татјана Џамбазова.
Татјана Џамбазова е успешна жена која поголем дел од својот живот го поминува надвор од Македонија, таа е голем авантуристи и страстен вљубеник во животните и природата. Живее во Сан Франциско и има неверојатна кариера како архитект-технологист.
Нејзиниот брат често ја спомнува во интервјуа и вели дека неговата Тања многу му недостасува, но дека отсекогаш верувал дека Македонија е премала за неа.
Во гостување во поткастот кај македонскиот јутјубер Стефан Лазаров, Татјана зборуваше за приватниот живот, а едно од прашањата кое водителот ѝ гo постави е и она кое се однесува на тоа „дали да нема деца било нејзин избор или едноставно животна околност“.
Одговорот на Татјана ви го пренесуваме во целост:
„Секогаш сакав да имам деца, немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца, бидејќи мене ме сакаат само животни, деца и будали луѓе.
Меѓутоа не верувам дека се прави дете само затоа што треба да се направи.
Не сретнав човек, или бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше не сретнав човек со когошто ќе сакав да имам дете, сите години во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за когошто зборував веќе беше доцна.
Така што мене ми е секако многу жал ама не беше тоа некоја одлука.
Ниту сум кариеристка, па нешто заради кариерата, никако... Бев сигурна дека ќе имам деца, само... Tоа е животот што сакал“.
Погледнете го целиот поткаст и разговор со Татјана Џамбазова: