Диаз се прости од Ливерпул со специјална порака: Сите ќе ве носам во срцето, но еден посебно!

Дерби

30/07/2025

13:01

1.312

Големина на фонт

а а а

Луис Диаз ова утро го комплетираше трансферот вреден 70 милиони евра, но набрзо откако стана нов член на Баерн Минхен, Колумбиецот ги искористи социјалните мрежи за да се заблагодари за незаборавната етапа која ја мина во Ливерпул.

Крилото прерасна во вистинска фудбалска ѕвезда на „Енфилд Роуд“ каде мина извонредни три ипол години, период во кој успеа да ја освои и титулата во Премиер лигата.

Популарниот „Лучо“ во Ливерпул остава голем број пријатели и неверојатни колеги, но самиот вели дека никогаш нема да заборави еден човек, а тоа е прерано починатиот Диого Жота.

– Три ипол години кои ќе ги чувам во себе засекогаш. Пристигнав со сите големи соништа во светот и си заминувам горд на сè што постигнавме заедно. Запознав неверојатни луѓе, прекрасни колеги, тренери кои многу ми помогнаа, а секако и извонредни навивачи. Ливерпул е навистина посебен тим и ќе ги чувам сите во моето срце. Циклусот завршува тука и со големо задоволство гледам назад и сфаќам колку бевме среќни.

– Не само поради трофеите што ги освоивме, туку и поради заединштвото и пријателството кои овозможија да имаме сè. Имаше подеми и падови, како што секогаш има, но секогаш преовладуваше вистинат, онака како што треба да биде во едно семејство. Добро е да си одиш со чувство на исполнета должност и најмногу од сè, да си одиш како шампион. Ова ќе беше совршено збогување ако не загубевме еден од нашите на толку трагичен начин.

– Како што реков и повторувам, ги носам сите со себе во моето срце, но еден од нив посебно: Диого. Никогаш нема да го заборавам. Никогаш нема да го заборавиме. Ви благодарам за сè, – порача Диаз.