Официјално: Диаз избра број на дрес и стана трет најскап играч во историјата на Баерн

Дерби

30/07/2025

12:13

385

Големина на фонт

а а а

Луис Диаз стави крај на својата етапа во Ливерпул после три и пол години, а негова следна станица во фудбалската кариера е германскиот великан, Баерн Минхен.

По одработените медицински тестови во текот на вчерашниот ден, колумбискиот репрезентативец ова утро стави потпис на четиригодишниот договор со баварците, па така стана трето најскапо засилување во историјата на германскиот шампион.

По Хари Кејн (95) и Лукас Ернандес (80), Луис Диаз пристигна во Баерн Минхен за сума од 70 милиони евра, а истовремено стана третиот Колумбиец кој го облекува дресот на најтрофејниот клуб во Германија.

Негови претходници се Адолфо Валенсија и Хамес Родригез, но Луис Диаз пристигнува како најголема ѕвезда и играч кој е во најдобра форма во кариерата, што прави да биде и убедливо најголемо засилување за Баерн за новата сезона.

Диаз веќе позираше со новите обележја и избра да го носи дресот со број „14“, а набрзо ќе се стави на располагање на тренерот на првиот тим, Венсан Компани.