Артета со еден збор опиша каков впечаток му оставил Ѓекереш

Дерби

31/07/2025

11:59

290

Големина на фонт

а а а

Виктор Ѓекереш стави крај на трансфер сагата и после долги преговори конечно заврши во Арсенал, операција на која се израдуваа верните навивачи на англискиот вицешампион, но и сите соиграчи и членовите од стручниот штаб во тимот.

Микел Артета конечно доби класична „9-ка“ од која може да очекува многу голови во новата сезона, но интересно Швеѓанецот реши да ја носи „14-та“ на својот грб, и тоа во чест на славниот француски маестро, Тјери Анри.

Најзвучното летно засилување на Арсенал пристигнува со желба да постигнува многу голови во новиот дрес, а Артета откри дека при првите средби посебно му оставил еден впечаток.

– Ќе искористам само еден збор за да го опишам впечатокот. Решителност! Тоа е првата работа која ја забележав кога разговарав со него.

– Кога разговарав со него, тој ја знаеше историјата на клубот, тој е одлучен во тоа што треба да го прави и веќе е човек кој е поврзан со клубот. Знаеше што зборува за клубот и какво значење има дресот на Анри за Арсенал. Ја почувствував страста во неговите зборови, – изјави Артета.