Се јави играчот кој го провоцираше Меси: Ова кажува многу работи за неговиот карактер

Дерби

31/07/2025

14:57

971

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами го победи Атлас со гол постигнат во самата завршница, а целата драма на теренот донесе и несекојдневни емоции по последниот судиски свиреж, и тоа од човекот кој обично е најсмирен во такви ситуации.

Лионел Меси се прикажа во несекојдневно издание и ја славеше победата во лице на противнички фудбалер, или поточно му фаќаше сеир на Матијас Кокаро.

Уругвајскиот фудбалер го провоцираше Меси во моментите кога Атлас израмни на 1:1, но на крајот последен се смееше Меси, кој сепак се извинил за својот чин откако успеал да ја олади главата.

Самиот Кокаро им откри на новинарите дека на крајот се ракувале и прегрнале со Меси, па дури го добил и дресот од најголемиот играч на сите времиња.

– Откако постигнавме израмнувачки гол, почнав да славам лудо и да ги мотивирам моите соиграчи, а кажав и неколку провокативни зборови. Потоа бевме по потрага по втор гол, но на крајот гол постигна Интер Мајами и Меси ми се радудваше во лице.

– Останав мирен, нема што да се прави во таква ситуација. Тој е најдобар во историјата и не може да му одговорите. После мечот тој ми пријде, ме прегрна и ми се извини. Му беше жал и тоа кажува многу за неговиот карактер. Кога некој како Меси ви зборува, вие мора да слушате и да молчите. Не чувствувам ништо освен респект, тој е најголем во историјата. На овој дрес се радувам јас, но ќе се радуваат и моите деца, – изјавил Кокаро.