Тренерот на Лозана се потсети на клучниот момент кој целосно го обесхрабри Вардар: Тие се добар тим

Дерби

01/08/2025

11:10

341

Големина на фонт

а а а

Питер Цајдлер имаше само позитивни коментари за Вардар откако македонскиот тим ја победи Лозана на првиот меч кој се одигра во Скопје, но искусниот Германец успеа да ги сврти работите во својата корист, и тоа со убедлив резултат кој донесе сигурен пласман во следната квалификациска фаза.

Лозана не му даде никаква шанса на Вардар на теренот на вештачка трева и победи со убедливи 5:0, па иако овој резултат изгледа преубедливо, мора да се напомене дека нашиот претставник имаше огромна шанса да се врати во игра при резултат 1:0.

Омерагиќ не реализираше зицер и од тој момент работите тргнаа наопаку за Вардар, бидејќи веќе до полувремето резултатот беше 3:0.

Цајдлер во својата анализа за реваншот призна дека првите 30 минути не беа воопшто лесни за неговиот тим, а уште еднаш нагласи дека Вардар е добар и разигран тим.

– Не очекувавме ваков расплет на стартот. Првата четвртина од натпреварот беше многу израмнета и успеавме да поведеме благодарение на корнер. Но, ако Летица не изведеше чудо, резултатот брзо можеше да биде 1:1.

– Вардар е добар и разигран тим, не станаа одеднаш лоши на теренот. Фудбалот е спорт во кој има периоди, а ова беше наша вечер во секој поглед, – изјави искусниот Цајдлер.