Ливерпул се пофали со дресовите за новата сезона и ја потврди новата „седумка“ во тимот

Дерби

01/08/2025

12:11

336

Големина на фонт

а а а

Англискиот шампион Ливерпул тактизираше со објавувањето на броевите кои на своите дресови ќе ги носат играчите кои пристигнаа летово, а сега и официјално е познато дека „црвените“ имаат и нова „седумка“.

Дресот кој досега го носеше Луиз Диаз, во иднина ќе му припаѓа на Флоријан Вирц, а овој потег наиде на одобрување кај фановите на Ливерпул, кои се возбудени поради ангажманот на Германецот и сметаат дека изборот на дрес соодветствува со неговото значење за тимот.

Милош Керкез го доби дресот со број 6, додека Џереми Фримпонг ќе го носи дресот со број 30, со што ќе има континуитет во однос на дресот чиј сопственик беше во Баер Леверкузен.

Иго Екитике го избрал дресот со број 22, додека голманот Гиорги Мамардашвили ќе биде 25-ка во редовите на „црвените“.

Конор Бредли искористил можност да направи промена, па досегашниот број 84 го променил со бројот 12.

Клубот денеска ги објави и дресовите за новата сезона.