Елијас Хараламбус го понесува товарот откако Шкендија успеа да направи изненадување и да го елиминира тимот на ФЦСБ во второто квалификациско коло во Лигата на шампиони, епилог кој ја остави во шок цела романска спортска јавност.
Романскиот првак претрпе два порази во двомечот со тетовскиот тим и не успеа ниту еднаш да се наметне онака како што се очекуваше, нешто за кое мора да пофалат избраниците на Јетон Беќири кои одиграа извонредни 180 минути во Скопје и Букурешт.
Очигледно е дека играчите на ФЦСБ не ја научија лекција по претрпениот пораз во Скопје, па романските медиуми заклучуваат дека фаворитот се однесувал арогантно и без голем респект кон македонскиот шампион.
– Работите не завршија онака како што сакавме. Во првото полувреме имавме неколку шанси, но потоа примивме лесен гол. Не направивме ништо добро за да повториме такво издание во вториот дел. Не успеавме да реагираме и мислам дека имавме ментален проблем.
– Тоа е фудбалот, веќе не може да се направи ништо, што и да кажеме сега, тоа не е доволно за нас. Ароганција? Мислам дека не покажавме ароганција кон противникот. Не може да зборуваме за тоа кога загубивме на првиот меч во Македонија, но и на претходниот меч во домашното првенство. Тоа нема логика, – изјави тренерот Харалабус.