Лук Шо испрати брутална забелешка до прецртаните играчи од Аморим: Сега сите знаеме што е на прво место!

Дерби

30/07/2025

11:31

917

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим постави високи стандарди на пресезонските тренинзи и бара максимално залагање од сите оние кои се гледаат во проектот на Манчестер Јунајтед, но пред да дојде до тоа, португалскиот стручњак самиот прецрта пет фудбалери на кои воопшто не смета за новата сезона.

Маркус Рашфорд си пронајде нова средина и се пресели во Барселона, па во ситуација кога во Карингтон се уште има четворица фудбалери кои тренираат самостојно, Санчо, Маласија, Антони и Гарначо добија брутална прозивка од искусниот лев бек, Лук Шо.

Дефанзивецот целосно стои зад ставовите на менаџерот и порача дека веќе нема играчи кои „заостануваат“ во првиот тим, изјава со која очекувано го привлече вниманието и го доведе во прашање залагањето кое го имале прецртаните изминатата натпреварувачка сезона.

– Менталитетот на Аморим и неговите барања се навистина нешто посебно. Тој знае да биде тежок кон цела група, едноставно не остава ниту еден камен да не биде превртен. Со потезите од стартот на летото, мислам дека веќе нема играчи кои заостануваат во првиот тим.

– Сега сите се ставаат на располагање на тимот и тимот е на прво место, тоа посебно ни го нагласи од самиот старт на подготовките. Тој самиот направи избор и смета дека тоа е најдобро за тимот. Ние како играчи целосно стоиме зад него и сакаме да успее во тоа што го имплементира. Сега се чувствуваме како вистински тим, во групата има заедништво и мора да продолжиме да работиме како семејство.

– Знам дека многумина ќе ме доведат во прашање за ова што ќе го кажам, но мора да целиме кон титула во Премиер лигата. Ова е Манчестер Јунајтед и мора да се мисли на титула, – потенцира Лук Шо.