[ВИДЕО] Спектакл на небо: За првпат во Европа – Три авиони полетале истовремено!

Точка

19/04/2025

16:01

4.047

Големина на фонт

а а а

Три авиони на „Туркиш ерлајнс“ полетале истовремено од аеродромот во Истанбул (IST), со што тој стана првиот европски аеродром кој спроведува тројна независна операција на пистата. Операцијата ја означи новата ера во европската авијација.

Аеродромскиот оператор, ИГА, тврди дека аеродромот станал првиот во Европа кој управува со ваков систем.


Операцијата со три писти била демонстрирана на 17 април со истовремено полетување на три летови на „Туркиш ерлајнс“ околу 11:20 часот. Овие летови ги вклучувале: Ербас А350-900 (TC-LGU) кој полетал кон Амстердам од пистата 34L; A321neo (TC-LSP) кој полетал кон турскиот град Кајсери од пистата 36; а меѓу нив и турскиот товарен Боинг 777F (TC-LJL) кој полетал од пистата 35L кон Алмати, Казахстан.

Помалку доцнења и намалени емисии

ИГА соопшти дека на настанот присуствувал министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, кој дал зелено светло за полетување од контролната кула на аеродромот.

Во рамките на воведувањето на оваа операција биле обучени околу 500 контролори на летање.

„Оваа оперативна трансформација не само што го оптимизира управувањето со сообраќајот во Истанбул, туку и во европскиот воздушен простор, што го прави побрз, побезбеден и поефикасен“, истакнале од ИГА.

Исто така тие тврдат дека дополнителниот капацитет ќе доведе до помалку доцнења и намалување на емисиите, бидејќи аеродромот има за цел да опслужува 200 милиони патници годишно – минатата година биле регистрирани нешто повеќе од 80 милиони.

„Ова не е само техничко достигнување за нас, туку и стратешка пресвртница“ изјавил членот на одборот на ИГА, Мехмет Каљонку.

Исто така тој рекол дека операцијата со три писти е „една од најкритичните основи“ на нивниот екосистем, додавајќи: „Истанбул повеќе не е само дестинација – тој сега е глобален авијациски јазол“.